вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за експлозијата на банкомат во Бутел

МВР со детали за експлозијата на банкомат во Бутел

На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица.

Во тек е увид од полициски службеници во координација со ОЈО и се преземаат мерки за расчистување на случајот.