На 13.04.2020 во 22.00ч. во Полициска станица Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М.(19) од Арачиново, С.Р.(21) од с.Синѓелиќ и В.В.(30) од ул.„Алија Авдовиќ“, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење, информираат од МВР.
Од Министерството посочуваат дека по лишувањето од слобода на лицата, поголема група граѓани излегле на ул.„Алија Авдовиќ“, во знак на протест.
-По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, посочуваат од МВР.
На потег е обвинителството.