Вчера во 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на автопатот Гевгелија – Република Грција, на место викано „Милси“, настанал пожар при што била опожарена сува трева и борова шума, а била зафатена и караулата „Богородица“ на место викано „Вршник Бара“.
Од екипи на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Во периодот до 20.00 часот, кога е изгаснат пожарот, работата на Граничниот премин „Богородица“ била во прекин за сите видови сообраќај.