недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за случајот со оставените деца во автомобил во Ново Лисиче

МВР со детали за случајот со оставените деца во автомобил во Ново Лисиче

Министерството за внатрешни работи денес информира дека вчера околу 21:50 часот добиле пријава дека на паркинг простор на булевар ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’  се наоѓале две деца кои биле заклучени.

-Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од полицијата.

Набрзо потоа биле пронајдени и родителите на децата Т.Т.(44) и М.Н.(35), а од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување.

Неофицијално се работи за братче и сестричка, двете на возраст помали од 10 години, кои биле пронајдени во лоша здравствена состојба. Во автомобилот, неофицијално, биле оставени од еден од родителите.