четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за трагедијата во Прилеп во која загина момче

Министерството за внатрешни работи денеска информираше за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 19 годишно момче од Прилеп.

Околу 01,10 часот во близина на бензинска пумпа на влез-излез од Прилеп патничко моторно возило “Хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот.

-По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт, а на В.Ч. (2001) од Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.