Од МВР известуваат дека на ден 07.07.2023 околу 23.00 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените пред капијата одржуваат протест. Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат.
Исто така, на 09.07.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски.
Известен е јавен обвинител.