четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за железничката несреќа во која повредени се две лица

МВР со детали за железничката несреќа во која повредени се две лица

На 22.11.2021 во 08.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на премин преку железничка пруга кај ул.„Индустриска“ во Битола се случила железничка несреќа помеѓу работна машина на Железници на РСМ, која сообраќала на релација Богомила – Битола и патничко возило „пежо 206“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Битола.

Во несреќата двајца малолетни сопатници од возилото се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.