вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со засилена акција: За брзо возење казнети 141 возач

МВР со засилена акција: За брзо возење казнети 141 возач

Во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 49 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.