понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: Во прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација, следуваат кривични пријави

МВР: Во прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација, следуваат кривични пријави

На 21.03.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп, при спроведена акциска контрола, во с.Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од с.Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација. Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на Шумска полициjа Прилеп, додека, пак, на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени.

Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.