Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возачи кои не дале првенство на минување, биле санкционирани 52 возачи.
-Од нив, 19 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.