петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На кумановец синоќа му ја запалиле влезната врата од куќата

На кумановец синоќа му ја запалиле влезната врата од куќата

Во Куманово на улицата „Драги Шутевски“ во куќа сопственост на Р.С. (65) кој живее на истата улица, вчера околу 22 часот, непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната против пожарна единица од Куманово.

По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.