На 21.11.2022 во 22.30 часот на експресниот пат Штип-Скопје, кај населбата „Три чешми“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле С.В.(38) и Р.С.(46), двајцата од Велес, затоа што при контрола на возилото во кое се превезувале, кај С.В. биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и таблети.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.