четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

На подрачјето на СВР Битола 38 санкции за брзо возење

На подрачјето на СВР Битола 38 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден е спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 38 возачи.

Како што стои во денешното соопштение од МВР, од нив, 12 возилa ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 26 мерки се преземени за брзо возење во населено место.

За време на контролата биле констатирани и законски санкционирани и 46 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.