На 21.11.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли, во кои полициски службеници затекнале и санкционирале 47 возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.
Во Струга, еден возач е исклучен од сообраќај, поради управување моторно возило под дејство на алкохол, а седум возила се подигнати со специјално возило „пајак“ поради непрописно паркирање.