петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнал млад скопјанец, па во полиција го појаснил начинот на извршување на кривичното дело

Нападнал млад скопјанец, па во полиција го појаснил начинот на извршување на кривичното дело

Денеска (05.07.2023) во 10:00 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР Скопје во полициска станица е повикан А.К., поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“ казниво по чл.386 од Кривичниот законик.

Тој на 29.06.2023 во 17:00 часот во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, физички го нападнал со тврд предмет Д.А.(20) од Скопје.

При извршен службен разговор А.К. го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.