четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнат полицаец, приведен скопјанец

Нападнат полицаец, приведен скопјанец

Денеска (29.12.2022) околу 04:00 часот на подрачје на Центар – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.С.(26) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.