сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнат полицаец во Пробиштип

Нападнат полицаец во Пробиштип

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(39) од село Калниште, пробиштипско, за сторено кривично дело „напад врз овластено службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 30-ти минатиот месец во 17,15 часот во село Калниште, пробиштипско,  при преземање на мерки од страна на полициски службеници во врска со поднесена поплака против пријавениот, истиот физички нападнал полициски службеник.