Скопјанец вчера пријавил во полициска станица дека во понеделникот бил вербално нападнат од лице кое дошло во Советот на јавни обвинители и барало да му биде обезбеден адвокат по службена должност за негова одбрана.
Скопјанецот А.М. му објаснил дека не е во нивна надлежност да доделуваат адвокати по што С.С. почнал агресивно да се однесува и да упатува закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.