понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападната фудбалерка на Шкендија

Нападната фудбалерка на Шкендија

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Т.(22) од Тетово, вчера попладне на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово.

-Тој претходно бил пријавен од 24-годишната М.Е. од Куманово дека околу 16 часот, по завршувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу женските екипи на Љуботен и Шкендија од Тетово, ја навредувал и физички ја нападнал. М.Е., која била фудбалерка на Шкендија, но која не настапила на овој натпревар, информираат од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.