На 29.09.2022 година во 01:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.