среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнати и повредени тројца малолетници во Центар

Нападнати и повредени тројца малолетници во Центар
илустрација

На 31.08.2023 полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид.

Настанот се случил на 28.08.2023 околу 20:30 часот кога во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.

Против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.