сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Навивач на фудбалски меч фрлил предмет кон судијата, па завршил во полиција

Навивач  на фудбалски меч фрлил предмет кон судијата, па завршил во полиција

На 10.11.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со фрлање предмет кон судијата на натпреварот.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.