Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.