На 19.09.2022 во 10:40 часот во Полициската станица Кочани, 71- годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари.
Според пријавеното, на 16.09.2022 околу 16:00 часот лицето дошло во нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва.
Како што е пријавено, откако се договориле, таа му дала 12.000 денари, а лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатила дека била измамена.
Се работи на расчистување на случајот.