недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нефи Усеини претепал сограѓанин со кундак од пиштол

Нефи Усеини претепал сограѓанин со кундак од пиштол

Советникот на ДУИ во општина Охрид, познат како локален бизнисмен и сопственик на дивоградба во охридската чаршија, Нефи Усеини денеска учествувал во нов тежок инцидент, пренесува „Експрес“, според чии информации едно лице е потешко повредено.

Очевидци за порталот тврдат дека нешто по 11 часот денеска во пред хотелот „Јуник“ во Охрид по вербална расправија советникот на ДУИ со кундак од пиштол неколку пати во пределот на главата удирал друг охриѓанец кој е однесен во охридската болница.

СВР Охрид попладнево објави дека претпладнево се случил физички напад кој се уште се расчистува а во кој учествувало лице со возраст и со иницијали идентични на познатиот охридски бизнисмен и советник на ДУИ Нефи Усеини.

Денеска во 11: 35 часот, во СВР Охрид, С.Т.(41) од Охрид пријави дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, се вели во соопштението на СВР Охрид.

Нефи Усеини е познат на македонската јавност по неколку инциденти од кои излезе без потешки последици. Во еден случај тој нападна инспектори кои му ја уриваа дивоградбата во охридската чаршија, потоа вербално нападна новинар а имаше и пријава за физички напад врз колега од БЕСА како и професор на Штуловиот универзитет.