Неколку физички напади кои се случиле во текот на вчерашниот ден се евидентирани во полицискиот билтен.
Синоќа во 00.50 часот С.Д.(26) од Скопје пријавила дека околу 23:05 часот на подрачјето на Карпош, во казино каде била вработена, по претходно недоразбирање била физички нападната од И.И.(41) од село Сарај. Направен е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Во 16:50 часот вчера Б.Д.(31) од Скопје пријавил дека во близина на трговски центар на подрачјето на Гази Баба, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат со тврд предмет од Е.Е.(25) и Џ.Е.(50), двајцата од Скопје.
Исто така, вчера во 17:30 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се употребени и остри предмети помеѓу С.М.(19), Ф.М.(18), од една страна и А.Ј.(23), од друга страна, сите од Скопје.
Се работи на расчистување на сите случаи.