понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нема повредени откако камион се преврте кај Неготино

Нема повредени откако камион се преврте кај Неготино

Камион се изврти вечерва и го блокираше автопатот Скопје-Гевгелија, на околу два километра пред Неготино, повредени нема.

-Го извлеков возилото за да биде прооден патот. Всушност, го извлеков на страна контејнерот кој беше паднат од возилото. После тоа го извлеков камионот за да биде прооден патот, за МИА рече Митко Вангелов од Неготино кој со камион се враќал од Скопје, па помогнал со сајла да се извлече возилото.

Од неготинската полиција го потврдија настанот, но од МВР засега нема повеќе детали.

МИА