Денеска (24.05.2022) во периодот од 14:00 до 20:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на ОВР Гостивар за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи.
Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.