четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Носел со себе 237 куршуми, кривична пријава за лице од Кочани

Носел со себе 237 куршуми, кривична пријава за лице од Кочани

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.И. од Кочани, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот неовластено поседувал и носел со себе 237 куршуми маневарска муниција со калибар 7.62 х 39 мм.