понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нови две лица нападнати од кучиња скитници

Нови две лица нападнати од кучиња скитници

Полицијата регистрираше два нови случаи со напад на кучиња скитници.

Триесет годишниот Б.И. од Виница пријавил дека пред два дена бил нападнат од повеќе кучиња скитници.

Инцидентот се случил околу 08.15 часот  додека се движел по улицата „Максим Горки” при што едно од кучињата го каснало  на левата нога во пределот на левата подколеница.

Во вториот случај, скопјанка пријавила дека пред два дена нејзиниот 14 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Нападот се случил на улицата „Благоја Стефковски“.