четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обезбедувач во дискотека нападнат од девојка, не ја пуштил да влезе во локалот

Обезбедувач во дискотека нападнат од девојка, не ја пуштил да влезе во локалот

С.А.(35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар  „8-ми Септември“, синоќа пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.

-Тој не и дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.