вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Објавувал компромитирачки фотографии од екс девојката на ФБ и Инстаграм, заработи кривична

Објавувал компромитирачки фотографии од екс девојката на ФБ и Инстаграм, заработи кривична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(23) од с.Шипковица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

-Во текот на јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска, информираат од МВР.