„ОЈО Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.4 во врска со чл.297 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст. 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.
Истрагата утврдила дека осомничениот на 5 март годинава на регионалниот пат Велес – Градско, управуваајќи автомобил „фолсваген шаран“ со неприспособена брзина на условите на патот и не се придржувал кон одредбата од чл.33 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, го загрозил јавниот сообраќај така што ги довел во опасност животот и телото на луѓето.
„Во услови на дождливо време и влажен коловоз, и при стемнување, тој не ја намалил брзината на движење на возилото, при што нејасно забележал дека на коловозот во лежечка положба се наоѓа едно лице во алкохолизирана состојба. Осомничениот започнал да го заобиколува, но тоа го направил во недоволен лак и налетал на телото на оштетениот, нанесувајќи му тешки повреди. По настанот, осомничениот го оставил повредениот без помош и заминал во правец кон Гевгелија. Поради тешките повреди прегазениот изгубил крв, а била нарушена и работата на витално важни органи, што резултирало со смрт“, велат од Обвинителството.