Основното јавно обвинителство Битола го примило извештајот за случајот со смртта на малата Јана.
„Основното јавно обвинителство Битола го прими извештајот од анализите за причинско-последична поврзаност меѓу смртта на девојчето и извршената интервенција што ги вршеше институтот за судска медицина. По разгледување, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“ – велат од обвинителство, пренесе Канал 5.
Случајот покрена бура реакции во јавноста откако 6-годишното девојче почина неколку часа по приемот во битолската болница, а нејзините родители, тврдеа дека починала по примена инфузија.
Комисијата за стручен надзор не констатираше пропусти во однос на третманот и опсервацијата на девојчето.