петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Од игротека во болница: Деца испиле дезентал, со исти симптоми донесени на клиника

Од игротека во болница: Деца испиле дезентал, со исти симптоми донесени на клиника

На 11.06.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести било пријавено дека во 18:00 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.

Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.