На 23.03.2023, полициски службеници од СВР Штип и од Полициската станица Штип, во содејство со Шумска полиција Штип и Шумско стопанство „Серта Штип“, по преземени мерки и активности, во с.Почивало, штипско, пронашле седум кубни метри огревно дабово дрво без документација, сопственост на Ј.С..
Дрвата биле одземени и предадени на Шумско стопанство „Серта Штип“, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.