На 21.02.2022 околу 15:00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица Штип пронашле патничко возило без регистарски таблички, натоварено со огревни дрва без соодветна документација.
Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.