Двајца непознати сторители доцна синоќа ограбиле бензинска пумпа во скопската населба Маџари, одземајќи околу 10.000 денари.
Како што соопшти полицијата, разбојништвото се случило во 01:20 часот откако, најпрво, сторителите им се заканиле на вработените со пиштол по што ги земале парите и избегале во непознат правец.
Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.