Полициски службеници од криминалистичката полиција при битолскиот СВР денеска во Битола го лишиле од слобода 31-годишниот битолчанец Џ.А.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од кривичниот законик.
Исто така, како што соопштија од МВР, тој бил баран и поради сомнение дека на 14.06 2023 се обидел да изврши „тешка кражба“ во црква на улица „Довлеџик“ во Битола.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.