На 14.02.2022 околу 22:00 часот, во СВР Охрид е приведен Љ.М.(66) од Охрид. Тој претходно, со употреба на алат и физичка сила, од објект во близина на одморалиште во Охрид, одзел предмети.
Украдените предмети се одземени од него и вратени на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.