Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, денеска до штопскиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица заради непочитување на полицискиот час, информираат од ОЈО Штип.
– На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, две лица без дозвола се движеле низ Пробиштип, едно лице за време на забраната за движење било надвор од својот дом во Штип, додека тројцата скопјани биле забележани со патничко моторно возило на магистралниот пат Штип -Велес во непосредна близина на населбата „Три чешми“, соопштија од штипско Обвинителство.
Со дејствијата обвинетите го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“.
Обвинителството му предложи на Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од по 500 евра во денарска противвредност, односно по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра.