Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Штип.
– Обвинетите во одделни кривично правни настани за време на полицискиот час биле затекнати како недозволено се движат на различни локации, информираат од обвинителство.
Надлежен обвинител достави предлог до Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност.