сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ОЈО Тетово поднесе казни против два лица за почитување на полицискиот час

ОЈО Тетово поднесе казни против два лица за почитување на полицискиот час

Две лица од Тетово во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење во време на полициски час, соопштија од ОЈО Тетово.

– По доставените кривични пријави против две лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд-Тетово достави предлог за издавање казнени налози за двете лица. Лицата се обвинети дека сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво во член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.