Пожар избувна претпладнево во куќата на 52-годишниот Ѓорѓи Марков од селото Тработивиште.
Екипи од Територијалната противпожарна единица од Делчево веднаш по дојавата се упатиле на терен и се уште го гаснат опожарениот дел од куќата.
Очевидци велат дека пожарот најверојатно настанал поради неисправна електрична инсталација.