четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Опожарена шума над Битола

Опожарена шума над Битола

Сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу осум хектари изгоре вчера во пожар на ридот над населбата „Ушици“ во Битола.

Пожарот околу 11 часот гопријавил А.С., а на местото на настанот било интервенирано од страна на полициски службеници и Противпожарна единица Битола.

-Од настанатиот пожар немало опасност за куќите кои се наоѓаат во таа населба. Од страна на Противпожарна единица Битола пожарот е изгаснат во 13:30 часот, информираат од МВР.