На 19.06.2022 околу 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Бутелска“ била опожарена врата од куќа, сопственост на С.К.(71) од Скопје.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека кон вратата било фрлено шише со запалива течност.
Повредени лица нема, а увид на местото извршила од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.