Против пожарни екипи синоќа интервенирале по пријава за пожар на две возила сопственост на две познати пејачки. Првото возило мини купер било опожарено , а од пожарот било зафатено и второто возило, пишува Досие.мк.
Мини куперот кој горел е сопственост на пејачката Сузана Турунџиева, а до него било паркирано и зафатено од пожарот возилото на пејачката Ребека Јанковска Ристески. Возилата биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза, пишува порталот.
Повредени нема, а увидот на надлежните ќе ги утврди причините за опожарувањето на возилата.
Информацијата ја потврдија од Пожарна од каде велат дека интревнцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час. Засега, според нивните информации пламенот зафатил 6 квадрат простор.