недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Опожарени жито, автомобил и постојка во Куманово и Старо Нагоричане

Опожарени жито, автомобил и постојка во Куманово и Старо Нагоричане
илустрација

Жито гореше во Старо Нагоричане, во Куманово автомобил и автобуска постојка, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеа пожар во атар на село Младо Нагоричане, каде вчера гореше површина со жито.

– Интервенирале од 10:40 до 11:30 часот во село Младо Нагориане во маала Поганци со едно возило и тројца пожарникари. Со пожарот беше зафатена површина со жито од околу 2,5 декари, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Кумановските пожарникари гаснеа по полноќ два пожара на автомобил и автобуска постојка. Според информациите на РЦУК – Куманово постојката горела на улицата „11 Октомври“ 45 минути по полноќ. Пожарникарите ја гаснеле со едно противпожарно возило.

– Втората интервенција е на запален автомобил на улицата „Бајрам Шабани“. Интервенирано е од 1:25 до 1:45 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари, информираа од РЦУК – Куманово.