среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ослободителна пресуда за Битолчанецот Тони кој си ја бранеше родената ќерка од насилниот зет кој со мачета тргна да ја убие

Ослободителна пресуда за Битолчанецот Тони кој си ја бранеше родената ќерка од насилниот зет кој со мачета тргна да ја убие

На 21 фебруар во 05.30 часот сабајле познатиот битолски локален насилник Стојанчо Соколов со мачета насилно влезе во домот на фамилија Ѓоргиевски каде заради нужна одбрана со два куршуми беше застрелан од Тони Фердо со пиштол кој го поседуваше легално. Епилогот беше таков штоТони се гонеше за убиство со умисла по чл. 123 од КЗ на
РМ.

Дали ние како систем со ова испраќаме јасен сигнал за сите насилници и деликвенти дека можат да прават што сакаат и да се обесхрабрат тие шо имаат намера да си ги одбранат
своите фамилии и покрај теророт кој го доживуваат со години?

Дали имаме време за размислување и дали воопшто вреди да се размислува шо да се прави кога некој вака наоружан со мачета насилнички со кршење на влезна врата ќе влези во
вашиот дом?

Ние баравме само правда и од тие шо одлучуваат да ни покажат како би постапиле кога некој ваков со голем нож (како шо е минималистичко објаснато во нивното соопштение)
влези насилно во нивниот дом- Но конечно судството во Македонија доби слух после јавниот апел на Шило Магазин и големиот број на граѓани кои бараа правда и слобода за Тони, а
утрово нашиот херој и сограѓанин кој си го одбрана своето семејство и ќерка доби ослободителна пресуда.