Остатоци од човечко тело вчера околу 13:20 часот се пронајдени во атарот на село Брвеница, тетовско зад фарма за свињи.
-Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка. Исто така, биле пронајдени и обезбедени неколку парчиња облека, информираат од полицијата.
СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.